Поедноставен повратот на ДДВ при увоз

Bez autora
Dec 26 2013

Со електронско поврзување на Царинската управа на Македонија и Управата за јавни приходи се скратуваат процедурите за поднесување барање за поврат на ДДВ при увоз. Директорот на Царината, Ванчо Каргов, кој потенцира дека ова го побарала бизнис-заедницата, објаснува дека досега увозниците прво барале документи од Царината, а потоа со нив поднесувале барање до УЈП за поврат на данокот. Притоа, тоа го правеле по пошта или ангажирале возила и губеле време и пари. Со електронското поврзување компанијата треба само да поднесе барање до УЈП, а потоа даночниците по службена должност преку електронскиот систем ги обезбедуваат сите потребни документи од Царината. Даночниците ќе можат од тековните системи на Царината да ги следат документите за одобрено одложено плаќање на ДДВ, за извршен увоз и извоз, податоците од единствениот царински документ, за список од единствен царински документ и за регистриран излез на стоки од државата.

Поедноставен повратот на ДДВ при увозСо електронско поврзување на Царинската управа на Македонија и Управата за јавни приходи се скратуваат процедурите за поднесување барање за поврат на ДДВ при увоз.

Директорот на Царината, Ванчо Каргов, кој потенцира дека ова го побарала бизнис-заедницата, објаснува дека досега увозниците прво барале документи од Царината, а потоа со нив поднесувале барање до УЈП за поврат на данокот. Притоа, тоа го правеле по пошта или ангажирале возила и губеле време и пари. Со електронското поврзување компанијата треба само да поднесе барање до УЈП, а потоа даночниците по службена должност преку електронскиот систем ги обезбедуваат сите потребни документи од Царината. Даночниците ќе можат од тековните системи на Царината да ги следат документите за одобрено одложено плаќање на ДДВ, за извршен увоз и извоз, податоците од единствениот царински документ, за список од единствен царински документ и за регистриран излез на стоки од државата. УЈП ќе ги користи податоците за утврдување, наплата и за поврат на ДДВ, за инспекциски контроли кај обврзниците и за водење посебни постапки, проценка на ризици и слично.

Директорот на УЈП, Горан Трајковски, вели дека со ова се прави интеграција меѓу Царинската управа и УЈП.

- Сега ги надминуваме целата администрација во делот на обезбедување во хартиена форма, достава до Управата за јавни приходи и сите технички проблеми што произлегуваат од администрирањето на една таква обемна активност - вели тој.

Според него, повратот на ДДВ се одвива во рамките на 30 дена, а рокот се пречекорува само кога се врши контрола, која вообичаено трае три дена.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik